Соединетите Американски Држави (САД) го одложија тестирањето на интерконтиненталните ракети за да избегнат распламтување на тензиите со Северна Кореја, соопштија во неделата претставници на американската одбрана.Тестирањето е одложено поради стравувањето дека Северна Кореја таквиот чин би можела погрешно да го протолкува.Претставник на Пентагон истакна дека САД сакаат да избегнат погрешно толкување и лоша процена која би можела да произлезе од таквиот чин.Тестирањето на интерконтиненталната ракета Минитмен 3 (Minuteman), требаше да се изведе наредната недела во калифорниската база Ванденберг, но најверојатно ќе биде отворено за наредниот месец.Поради растечките тензии на Корејскиот полуостров странските дипломати во Пјонгјанг размислуваат за евакуација од Северна Кореја поради стравување дека државата се подготвува за лансирање на ракета.
МакфаксСоединетите Американски Држави (САД) го одложија тестирањето на интерконтиненталните ракети за да избегнат распламтува