САД: Примирје во Газа е можно за една недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа би можел да се постигне во рок од една недела.

На настанот во Белата куќа во петокот по повод потпишувањето на договорот меѓу Конго и Руанда, Трамп им рече на новинарите дека разговарал со луѓе вклучени во преговорите и рекол дека договорот е „блиску“, објави Ројтерс.

Тој не прецизираше со кого разговарал, но рече дека бил во речиси секојдневен контакт со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на израелско-иранскиот конфликт.

Пронајдете не на следниве мрежи: