САД со јасна поддршка за Грција во спорот со Турција за островите. Лезбос и Самос се грчки!

Во Стејт департментот синоќа укажаа дека грчкиот суверенитет над островите Лесбос и Самос не е доведен во прашање, и ги повикаа сите земји, вклучително и „нашите сојузници“ да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет и да избегнуваат акции кои би создале тензии. 

САД со јасна поддршка за Грција во спорот со Турција за островите. Лезбос и Самос се грчки!

Изјавата од портпаролот Нед Прајс доаѓа откако Анкара испрати дипломатска нота до САД и Грција, затоа што последната распоредила американска воена опрема на овие острови, кои според меѓународен договор треба да се демилитаризирани.  

На прашање од новинар како САД го коментираат тоа, Прајс посочи „за распоредување на нивна одбранбена опрема да се прашаат самите влади“. 

-За тоа ние не можеме да зборуваме, Општо земено, и ова го кажав вчера, продолжуваме да ги охрабруваме нашите НАТО партнери, во овој случај Турција и Грција, да работат заеднички на одржување на мирот и безбедноста во регионот, и да ги решат сите разлики по дипломатски пат. Ги повикуваме сите страни да се воздржат од реторика и да избегнат постапки кои би можеле да разгорат тензии, изјави тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.