Салата од спанаќ и мускатна тиква

Печената мускатна тиква, маринираниот лук и младиот спанаќ се одлична комбинација за салата
Салата од спанаќ и мускатна тиква
Потребни состојки:
1 исчистена и исечкана мускатна тиква
2 лажици маслиново масло
1 лук, тенко исечен на парчиња
Сок од 2 лимети
80 милилитри полномасно кокосово млеко


2 лажици рибен сос
1 лажица шеќер
200 грама млад спанаќ
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
На исечената тиква ставете масло, зачинете по желба и печете 30 до 40 минути.
Додека тиквата се лади, измешајте сок од 1 лимета и лук.
За сосот измешајте го преостанатиот сок од лимета, кокосовото млеко, рибниот сос и шеќерот.
Пред послужување измешајте ги печената тиква, спанаќот и лукот и прелијте со сос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.