Салата со брокула и пченка

Лесно се прави, убаво изгледа и многу е вкусна. Освен тоа е и вонсезонска, ако немате свежа брокула слободно ставете одмрзната. За промена ако наместо кашкавал ставите сирење сигурно нема да погрешите.

400 г обарени цветови брокула
200 г конзервирана пченка
200 г коцки кашкавал
150 г коцки шунка
150 г коцки чадена сланина
100 г кисела павлака
100 г мајонез
сол и мелен црн пипер
Во сад ставете ги брокулата, зрната пченка, кашкавалот, шунката и сланината. Посолете и додадете црн пипер. Потоа додадете ги павлаката и мајонезеот, и промешајте ја салатата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.