Салата со варени јајца и шунка

3 варени, лупени јајца
250 г варена шунка
1 марула
2-3 рендани моркови
100 г варени макарони
прелив од мајонез, павлака и сенф
сол и мелен црн пипер
Белките од јајцата се сечкаат на коцки, а жолчките се пасираат и се мешаат со ситните парчиња варена шунка. 

Се додаваат варените макарони, исечканата марула и преливот од мајонез, павлака и сенф. Се посолува и се зачинува со црн пипер по вкус. 

Потоа се наросува со рендани моркови и се декорира.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.