Искористете го максимално она што го нуди летото и направете цел оброк од омиленото летно овошје: лубеница.
Потребни состојки:
60 мл маслиново масло
30 мл балсамико оцет
½ лажичка сол
½ лажичка мелен бибер
¼ главица црвен кромид
8 шолји лубеница исечена на коцки
2 шолји свежи боровинки
¼ шолја крупно сечкано нане
½ шолја издробено фета сирење (по вкус може да ставите и повеќе)
Време на подготовка: 20 минути
Во поголем сад ставете ги маслиновото масло, балсамико оцетот, сол, бибер и исечканиот кромид и промешајте. Додадете ги исечканата лубеница, боровинките и сирењето и внимателно и лесно промешајте.
Ако ја подготвувате салатата неколку часа однапред, лубеницата додадете ја непосредно пред служењето за да не пушти многу вода.