Салата со тиквичка, ориз и туна

350 г тиквичка
300 г ориз
130 г конзервирана туна
1 лимон
1 лажичка сув тимијан
1 лажичка оригано
масло
сол и мелен црн пипер
Оризот сварете го во зовриена посолена вода и исцедете го.
Тиквичките измијте ги, исушете ги и исечете ги на ситни коцкички. Пропржете ги во тава со загреано масло, посолете и зачинете со црн пипер. Додадете го лимоновиот сок, динстајте уште 2-3 минути и тргнете од оган.
Измешајте ги иситнетата туна, и изладените тиквички и оризот. Зачинете со оригано и тимијан, и изладете ја салатата пред послужување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.