Само напред, сѐ уништете, без закони и прописи!

Сечата на дрва на Водно-продолжува, а на Фејсбук се објавени фотографии од состојбата на терен.
На нив се забележува дека градските власти продолжуваат со сечењето на шумата на Водно каде што треба да минува гасоводот.
-Само напред, сѐ уништете, без закони и прописи! Она од што најмногу стравувавме, рестартирање на градбата и сеча на шумата на Водно, се случи. Уништена е шумата на потегот Бел камен – бункери. Без најава, без решение за измени во тек на гардба. Немаме информации дали град Скопје издаде ново решение за сеча, сегашното, кое е крајно дубиозно, важеше до 1 март. Ако издаде, заедно со МЕР се директни учесници во овој дрзок и криминален чин, реагираат од граѓанската иницијатива “Го сакам Водно“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.