САМО 30 ЛИТРИ ПО АВТОМОБИЛ: Штрајковите го ограничуваат полнењето гориво во Франција

ПРЕФЕКТОТ на Alpes-Maritimes во јужна Франција донесе декрет со кој се ограничува потрошувачката на гориво на 30 литри по автомобил, објави Ројтерс.

САМО 30 ЛИТРИ ПО АВТОМОБИЛ: Штрајковите го ограничуваат полнењето гориво во Франција

Повеќе од 60 отсто од францускиот капацитет за рафинирање нафта беше затворен поради штрајкот на работниците во некои рафинерии, што доведе до зголемени цени на дизелот и принудувајќи ја земјата да го зголеми увозот на гориво.

Акцијата предводена од францускиот синдикат CGT главно ги зафати рафинериите и магацините на француската нафтена компанија Total Energy, но и погоните на американскиот гигант ExxonMobil во Франција.

Премиерката на Франција, Елизабет Борн, ја објави одлуката за мобилизација на работниците во магацинот за моторно гориво во францускиот огранок на „Ексон-Мобил“ „Есо“ и се закани дека ќе ги мобилизира и работниците на „Тотал груп“, поради штрајковите што доведоа до пресушување на бензинските пумпи низ државата.

Драстичната мерка доаѓа откако возачите последните денови чекаа во долги редици за да ги наполнат своите автомобили, бензинските пумпи се затворени чекајќи ги испораките, а работниците во дистрибуцијата штрајкуваа.

Мобилизацијата им овозможува на властите да им наредат на работниците од магацините за гас погодени од штрајкот, да се вратат на работа. Слична мерка беше воведена во 2010 година за време на штрајкови во француските рафинерии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.