четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сведоци за Пулс кои не сакаат да сведочат ќе бидат носени со полициска придружба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со полиција ќе се носат сведоци за судскиот процес за трагедијата во дискотеката Пулс ако сами не се појават на следните рочишта кога се поканети. Вака се закани судијката Диана Груевска Илиевска на рочиштето за кое сметаше дека е изгубен ден бидејќи кусо траеше сведочењето на единствениот сведок кој се појави, пренесе Телма.

За денеска уредно била поканета вработена во Општина Кочани но таа станала недостапна за обвинителството, а денеска и за судот. Судијката нареди доколку не се јави на повиците, за следното рочиште стражарно да биде донесена.
За дел од првично предложените сведоци кои се повикани за следните рочишта обвинителството рече дека се откажува но адвокатите инсистираат да бидат повикани. Сепак и тие негодувале и се премислувале, па сега ќе мора да отсуствуваат само ако донесат доказ од лекар за нивна здравствена состојба. Дел од сведоците пак се во странство се уште на лекување.
Со ова денешното рочиште заврши порано од вообичаено. Единствено сведочеше Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар, кој се водел како управител на фирма на газдата Дејан Јовановски.
Тој рече дека неговиот син бил поставен само формално за управител, бидејќи бил другар со синот на газда Деко, но не одел во банка ниту го водел сметководството. Тој станал нервозен кога дознал дека може да има законски последици од тоа што е поставен за управител.
…
Повеќе

Поврзани вести