Светот воодушевен: Мајка покажа како ѝ изгледа стомакот после трите бремености

Инфлуенсерката, мајка на три деца, Сара Никол Лендри, на својот Инстаграм профил редовно споделува фотографии од своето тело после бременоста, за на другите жени да им покаже дека и таа се бори со стрии и целулит.
Покрај фотографијата во долна облека, објавила и цитат од една Твитер корисничка за двојните стандарди и станала вирален хит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Nicole Landry (@thebirdspapaya)


„Истиот оној стомак на кој луѓето му се восхитуваат додека му пружа дом на бебето ќе биде она поради кое луѓето ќе те критикуваат, бидејќи после породувањето не е доволно рамен за да се вклопи во социјалните стандарди за убавина“, стои покрај фотографијата.
„Па, кога ќе го срочите на тој начин…“, додала Сара која на Инстаграм ја следат речиси 2 милиони корисници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Nicole Landry (@thebirdspapaya)


„Првото дете го родив на 25 години, а наместо да ја почувствувам таа радост, нагло ми падна самодовербата. Застанав пред огледало и моето тело повеќе не изгледаше како да е мое. Дотогаш насекаде гледав фотографии од совршени мајки, кои неколку денови после породувањето се вратиле во својата големина на облека, фотографирале повлечен стомак, коментирале како нивните тела се неверојатни, како повторно се во форма. Но, изгледаше како моето да пропаднало.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Nicole Landry (@thebirdspapaya)

Кожата беше развлечена, ужасно распукана, целулит имав за продажба…“, напишала во една прилика Сара.
Таа вели дека ослободувањето го доживеала кога почнала да се фокусира на своето дете. Сега сака на останатите мајки да им покаже дека сето тоа што им се случува со телото е нормално и дека не се сами.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.