Свински ребра со мед и путер

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 120 Целзиусови степени и обложете голема тава за печење со алуминиумска фолија, која треба да штрчи од страните.
Во сад изматете ги состојките за сосот од мед и путер.
Подгответе ги ребрата со отстранување на ципата од нивниот заден дел.
Ако парчињата ребра се големи, може да ги пресечете на половина. Ставете ги ребрата, со коските надолу, во средината на фолијата во тавата.
Рамномерно истурете 3/4 од сосот од мед и путер врз ребрата и тријте ги со раце од двете страни.
Кренете ги сите страни од алуминиумската фолија и спојте ги врз ребрата, за да ги затворите.
Ставете ја тавата во рерна 4 часа. За тоа време, не ја отворајте фолијата за да ѕиркате. Само оставете ги да се печат.
Во меѓувреме, измешајте ги состојките за зачинот.
Штом ќе поминат 4 часа, извадете ја тавата од рерната, па зголемете ја температурата на 200 степени.
Внимателно отворете ја фолијата и премачкајте ги ребрата со остатокот од сосот од мед и путер, а одозгора попрскајте со зачинот.
Вратете ги во рерна да се допечат уште 7-10 минути; само додека да се формира крцкава кора и малку да поруменат.
Извадете ги ребрата од рерна и оставете ги да се изладат 10 минути пред да ги исечете и послужите.
Состојки:
2 парчиња свински ребра, околу 2 килограми
За сосот од путер и мед
4 лажици несолен путер, стопен
1 лажица кафеав шеќер
1 лажица мед
¼ кафена лажичка чили во прав
За зачинот
1 лажичка чаден пипер во прав
½ лажичка ким
1 лажичка лук во прав
½ лажичка кромид во прав
½ лажичка чили во прав
1 лажи

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.