Свинско печење

2 кг свинска плешка
1 главица кромид
200 мл пиво
1 портокал
5-6 суви сливи без семки
2 лажици сенф
1 лажица свинска маст
1 лажица црвен пипер
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Во месото втријте сол, сув зеленчук, црн пипер, сенф и црвен пипер. Премачкајте го со масло и се остава да отстои 2 часа.
Ставете го во тава за печење. Додадете ги измиената и нелупена главица кромид, маста, сливите, портокалот и 2 чаши вода. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете 1 час на 220 степени. Намелете ја температурата на 180 степени и печете уште 2 часа.
Тргнете ја фолијата, прелијте со пивото и печете додека не испари речиси целото пиво.
Преостанатата течност, кромидот, сливите и портокалот извадете ги од тавата, измиксајте ги со блендер и со сосот прелијте го печењето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.