Свинско со два вида печурки

800 г свинска кртина
250 г парчиња свежи буковки
250 г половинки свежи шампињони
200 г коцки чадена сланина
200 г парчиња моркови
200 г доматно пире
исечен магдонос
3 чешниња лук
1 лажица брашно
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Месото исечете го на коцки и посолете го. Испржете го на масло, додадете 200 мл вода и динстајте додека не испари. Потоа додадате ја сланината и пржете додека не порумени. На крајот додадете ги морковите и кратко запржете.
Во друга тава запржете ги шампињоните и додадете ги буковките. Откако течноста ќе испари додадете ги месото со сланина, лукот, брашното, доматното пире и 200 мл вода. Посолете, и додадете црн пипер и сув зачин. Издинстајте, додадете го магдоносот и промешајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.