четврток, 12 ноември 2026
Најново

СДСМ достави документи до ДКСК: Бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Секој ден власта ја тресат корупциски скандали. Буквално смрди на коруцпија во врвот на власта.Последен е скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра кој го добива и фирма основана 20 дена пред распишување на тендерот.Фирма без искуство, без капацитет, а вчера видовме и дека е без седиште. Фантом фирма ли е?Како е можно ваква фирма да добие тендер за специјализирана опрема за полицијата?Ова е огромен скандал поврзан со Панче Тошковски кој бара итна институционална реакција.Денеска сме пред Државната комисија за спречување на корупцијата, да побараме итно постапување по овие сериозните сомнежи за корупција.Ќе и предадеме документи. Да се истражи до крај, дали станува збор за местен тендер, однапред договорен?Чии интереси стојат зад овој тендер вреден 4 милиони евра?ДКСК мора да отвори предмет, да ги истражи сите факти и конечно – да обезбеди одговорност.Време е ДКСК да покаже дека не се неми набљудувачи на криминалот, туку бранители на јавниот интерес

Поврзани вести