СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за фирмата Мастеф ДООЕЛ Скопје

Двете најголеми македонски партии денеска со меѓусебни обвинувања на кого е омилена фирмата Мастеф ДООЕЛ Скопје, која според тврдењата и на едната и на другата партија, добивала тендери и во времето на СДСМ и во времето на СДСМ.
Опозициската СДСМ денеска излезе со нова бомба обвинувајќи дека фирмата Мастеф, блиска до власта, добила 93 тендери во вркупна вредност од над 18,3 милиони евра.
– Најголеми суми се реализирани во Скопје, каде е и последниот тендер за Луна парк, истата фирма. Кога Орце ветуваше чистење на градот очигледно мислел на џебовите на граѓаните, бидејќи ѓубрето стои. Пари се чистат на големо. Државата тоне во долгови. Граѓаните едвај преживуваат. Скопје е во хаос. А власта дели милиони на омилените фирми, рече Јон Фрчковски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
Од СДСМ прашуваат кога ќе почне државниот јавен обвинител да ги работи овие предмети или ќе чека насоки од премиерот.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на обвинувањата од СДСМ посочувајќи дека истата фирма добивала тендери и во времето на СДСМ од тогашните градоначалници од оваа партија.
– Фирмата Мастеф дооел Скопје за којашто денес зборуваше СДС, очигледно била една од најомилени фирми на нивните поранешни градоначалници, само тоа на прес-конференцијата заборавија да го кажат. Така во периодот на власт на СДС со голем дел од македонските општини оваа фирма била една од ретките која добивала најмногу тендери, особено од скопските општини. Во периодот од 2018 до 2021 година омиленава фирма на градоначалниците на СДС добива повеќе тендери во милионски износи од општина Карпош, Кисела Вода, Аеродром сите раководени од градоначалници кадри на СДС, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, во 2018 година Мастеф добива седум тендери во вредност од 9.569.788 денари од општина Карпош, во 2019 година 5 тендери од општините Карпош и Аеродром во вредност од 10.320.508 денари, а во 2020 се приклучила и општина Кисела Вода. Во 2021 година, според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, овие три општини на фирмата Мастеф им доделиле 6 тендери во вкупна вредност од 47.100.000 денари.

The post СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за фирмата Мастеф ДООЕЛ Скопје appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: