четврток, 12 ноември 2026
Најново

СДСМ најавува пакет закони за ублажување на кризата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Намалување на стапката на ДДВ за горива на пет проценти и намалување на акцизата за четири денари се дел од мерките што преточени во закон ќе ги поднесе опозициската СДСМ до Собранието.
Оттаму ќе поднесат и закон за преполовување на цените на патарините со цел да се ублажат последиците од кризата на Блискиот Исток откако двапати последователно скокаат цените на горивата.
–            Ова е второ сериозно покачување на цените на горивата, а Владата не презеде буквално ништо да го заштити стандардот на граѓаните. Нема најава за никакви мерки што во оваа тешка криза ќе им помогнат на граѓаните полесно да живеат. Не се само во прашање цените на горивата. Ова поскапување ќе доведе до поскапување на храната, на основните прехранбени продукти, евентуално и на струјата. Потоа, дури и цената на нафтата на светските берзи да се стабилизира и да се намали, ако дојде до овие поскапувања, ништо не може да ги врати цените назад, рече лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција.
Филипче посочи дека сите држави од регионот веќе презеле мерки освен нашата Влада

Поврзани вести