На кои домашни и странски политичари Мицкоски им велел “Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот”?!

Од СДСМ денеска излегоа сo нови обвинувања за Христијан Мицкоски, кого го прашуваат на кој од странските политичари му барал власт за да го смени Уставот.

На лицемерието на Христијан Мицкоски му нема крај. Како докажан антиЕУ политичар јавно декларира дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, па дури и мафташе со некакви изјави заверени од нотар дека пратениците од опозицијата се обврзале дека нема да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот.

Но Мицковски едно прави во јавноста, а сосема друго зад затворени врати.

Мицковски да одговори дали на странските политичари кои доаѓаат во државата, вклучитечлно и на домашните политичари, на состаноците што ги има со нив им вели: “Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот“?

Јавноста заслужува да ја знае вистината, на кои домашни и странски политичари Мицкоски и велел дека ќе го сменел Уставот доколку му дале власт?

Мицковски се бори за власт и само за власт, нему не му се важни ни граѓаните, ни државата.

Расте кај Мицковски стравот и нервозата, бидејќи како одминува времето Апасиев му ги зема гласовите, затоа тој станува се поекстремен, само за да не заостане зад Левица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.