После фатениот соработник на Мицкоски од Пештани со кокаин, нов скандал. Мицкоски седи на иста маса со лицето М.А од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога. Акцијата на полицијата е од 3-ти декември оваа година а токму со возилото на лицето М.А со кое седи Мицкоски била превезувана дрога вредна 120.000 евра, се вели во соопштението од СДСМ.
На фотографијата е и блискиот соработник на Мицкоски, Антонио Милошоски.
Што бараат Мицкоски и Милошоски, на иста маса со лица од подземјето, кои биле дел од меѓународен синџир за шверц на дрога?
Многу бело се насобра околу ДПМНЕ.
Пукаат скандали тоа со дрога секој ден.
Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски беше фатен со кокаин.
Со какви луѓе е опкружен Мицкоски кажува за тоа каков е, наведуваат од СДСМ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.