СДСМ се враќа посилен, не е веќе истата партија, секогаш ќе се бориме за подобар живот на граѓаните

Секогаш ќе се бориме за праведно, демократско општество и за подобар живот на граѓаните, порачува од Струмица опозициската партија СДСМ и тврди дека не е веќе истата партија.

– Одлична и позитивна енергија вчеравечер во Струмица, општината симбол на успешните социјалдемократски политики. СДСМ се зајакнува и не е веќе истата партија од пред изборите. Го слушаме гласот на члeнството и заеднички ги дефинираме идните политики на партијата. Во пресрет на новата 2025 година ја испраќаме пораката – СДСМ ќе го биде и СДСМ се враќа посилен! Секогаш ќе се бориме и ќе бидеме на страната на вистинските вредности за праведно, демократско општество и за подобар живот на граѓаните, објави СДСМ на својот официјален профил на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: