Северна Кореја продолжува да разместува проектили

Северна Кореја поставила уште два проектила со среден дострел на мобилните лансирни рампи и ги сокрила на источниот брег, што се толкува како закана за Јапонија и американските пацифички бази на Хаваи и на Гуам, соопштија во петокот јужнокорејските медиуми.
Агенцијата Reuters потенцира дека овие информации не можела да ги потврди од независен извор, меѓутоа таквиот потег би можел да укажува дека Северна Кореја којашто нервозно и во бес реагира на големите американско-јужнокорејски воени вежби коишто се спроведуваат веќе втора седмица, како и поради најновите санкции спрема неа од страна на Обединетите нации, е подготвена да нападен одредени цели во регионот.
Во соопштението на генералштабот на севернокорејската армија од претходната ноќ што го пренесе официјалната агенција KCNA беше наведено дека Вашингтон „официјално бил известен“ дека ќе биде цел на нуклеарен напад доколку ситуација ескалира како и дека војната на Корејскиот полуостров може да избие секој момент „денес или утре“. На тоа САД реагираа со испраќање на стратешки бомбардери и ловци, како и разурнувач опремен со системи за рано пресретнување на балистички проектили.Тензиите во односите со Северна Кореја ги растресоа и јужнокорејските финансиски пазар, а водечките претставници на финансискиот сектор предупредуваат дека напнатоста би можела долгорочно штетно да се одрази врз функционирањето на пазарите.
МакфаксСеверна Кореја поставила уште два проектила со среден дострел на мобилните лансирни рампи и ги сокрила на источниот бр

Пронајдете не на следниве мрежи: