Сега е официјално: Оваа боја е главен летен тренд!

Кога Меланија Трамп го потврдува тоа, тогаш знаете дека сте на вистинскиот пат.
Сега е официјално: Оваа боја е главен летен тренд!
Со цел нешто да се прогласи како моден тренд, обично е потребно најмалку три дизајнери да извадат одреден модел, крој, детали или во овој случај – боја.
За сезоната пролет-лето 2019, бојата што доминираше на пистите на модните недели во светските метрополи беше жолтата, и тоа многу жолта! Смело? О, да. Доволно е само едно парче во оваа боја, за целиот изглед да стане впечатлив.


Сепак, дизајнерите отидоа чекор понатаму и ни препорачаа да носиме жолто од глава до пети. Во облик на комбинезони, фустани, комбинации на панталони и сакоа… За што и да се определите, нема да згрешите.
Неодамна овие комбинации беа промовирани од Меланија Трамп и Ева Лонгорија, уште истиот ден! Еве како тие и други модели и познати личности ја носат оваа боја…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.