,,Сега ќе кажам сè што знам!” – Боки 13 живее сам, но секој ден оди кај родителите, мајка му првпат јавно проговори за синот

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, беше пуштен од притвор пред повеќе од два месеци по аферата „Рекет“. Поради компликации со здравствената состојба, Боки побара да биде пуштен од затвор за да има соодветни услови за лекување.

Неговата мајка сега зборуваше за медиумите.

– Беше тешко, јас како мајка сето тоа тешко го издржав, но се бориме и веруваме во Господ и правдата. Сега се чувствува малку посмирено и посреќно затоа што конечно ги има условите што му се потребни за нормално да се лекува, ја има потребната храна, секојдневно ги прима терапии кои му се потребни – изјавила неговата мајка.

По ослободувањето од притвор, Боки 13 продолжил да живее во неговиот стан кој се наоѓа недалеку од семејната куќа, но секојдневно ги посетува родителите.

– Убаво е, но сè уште не е време да кажам што имам. Се надевам дека ќе биде подобро. Навистина сè уште не сум подготвен да зборувам за сè за медиумите, но ќе има можност, многу ви благодарам што дојдовте – изјави Боки 13 за српски Блиц.

Пронајдете не на следниве мрежи: