Седум производи што ги топат маснотиите

Ако сакате да ослабнете, не ја гледајте храната како ваш непријател. Напротив, со изборот на вистинските производи ќе изгубите повеќе килограми отколку гладувајќи и броејќи калории. Ви претставуваме седум производи кои ефикасно ги топат маснотиите.

1. Овес

Чекајте малку, зарем овесот не е јаглен хидрат? Да, но овесот е целовита житарка што би значело дека има моќ за создавање на чувство на ситост. Исто така, овесот содржи топливи влакна што го снижуваат холестеролот и мрснотиите во крвта. Бавно се вари такашто не го покачува шеќерот, и создава долготрајно чувство на ситост.

2. Јајце

Нутриционистите веќе со години се обидуваат да му ја вратат репутацијата на овој производ. Јајцата се сконцентриран облик на животински протеини, но без маснотија што ја содржи, да речеме, месото. Истражувањата покажале како едно јајце како додаток или замена за тост и житарки за појадок, овозможуваат губење на повеќе килограми отколку оброк сочинет од јаглени хидрати.

3. Млеко

Докажано е дека комбинацијата на калциум, витамин Д и протеини кои содржат млеко со мала количина на маснотии и немасен јогурт го поттикнуваат топењето на килограмите, a притоа ја задржуваат мускулната маса.

4. Јаболко

Бројни истражувања покажале дека јаболко половина час пред оброк го намалува внесувањето на калории затоа што влакната што ги содржи даваат чувство на ситост што значи дека помалку ќе изедете. Но јаболкото има и други предности. Делувајќи како антиоксиданс ги спречува пореметувањата во метаболизмот како што се високиот притисок и покачениот холестерол. Исто така, јаболкото содржи и пектин кој се врзува со водата и така ја намалува количината на маснотии што ги апсорбира телото.

5. Црвено месо

Веројатно не можете да го замислите црвеното месо9 како диетална храна, но истражувањата спроведени врз жени кои јаделе црвено месо покажале дека тие изгубиле повеќе килограми од оние кои не јаделе. Причина за тоа е големата количина протеини содржани во него кои помагаат за одржување на мускулната маса која секако, и вие треба да ја одржувате со вежбање.

6. Цимет

Овој едноставен и потценет зачин има толку снага што го разградува шеќерот. Со консумирањето на ¼ до две лажички цимет секој ден можете да го снижите шеќерот во крвта и холестеролот дури за 10 до 20 отсто. Внесете го овој зачин во било кој оброк. Ставајте го во житарки, во чај или во кафе и ќе му помогнете на организмот да се ослободи од шеќерот.

7. Бадеми

Првата помисла за јаткастите плодови е дека се мрсни и дека дебелеат. Оревите, костените, бадемите, кикириките, ф’стеците се калорични, но исто така и многу хранливи и ефектни во борбата против холестеролот и триглицеридите, но и даваат многу енергија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.