четврток, 12 ноември 2026
Најново

Седум совети како да ги преживеете неподносливите ГОРЕШТИНИ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Еве неколку совети како полесно да ги преживеете овие жешки денови:
1. На граѓаните им се препорачува да го ладат своето тело и да пијат доволно течности бидејќи со потењето се губи повеќе течност, што доведува до дехидрација. Се препорачува да пиете негазирана вода, како и нискокалорични пијалоци без кофеин, алкохол и шеќер.
2. Треба да се избегнува престој на сонце меѓу 10 и 17 часот, особено децата, бремените жени, старите лица, срцевите пациенти и пациентите со хронични заболувања, додека луѓето кои работат на отворено треба почесто да одмараат, да се засолнуваат во сенка и да пијат течности секои 30 минути.
3. Во најтоплиот дел од денот, треба да избегнувате излегување на отворено и физичка работа.
4. Се препорачува и редовно користење на производи со заштитен фактор.
5. Граѓаните треба да носат лесна облека од природни материјали и да ја штитат главата од сонцето.
6. Просторот во кој живеат треба да се лади со користење на поладен ноќен воздух. Во текот на денот, треба да се затворат прозорците и да се спуштат ролетните и да се исклучат што повеќе електрични уреди во куќата.
7. Особено се предупредува дека децата и животните не смеат да се оставаат во паркирано возило.

Поврзани вести