четврток, 12 ноември 2026
Најново

Секој паметен човек овие 2 работи најдобро е да ги задржи за себе: Фројд објаснил зошто тоа треба да биде така

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Многу од теориите на Сигмунд Фројд биле побиени веќе во текот на 20 век, сепак мудростите и зборовите за човековата природа, остануваат како вечен потсетник за посвесен и попаметен живот.

„Луѓето секогаш ги споредуваат вашите успеси со нивните сопствени, а доколку вашите успеси се подобри, луѓето ќе се чувствуваат полошо. Доколку сакате околу себе да создадете непријатели и завидливи луѓе, само почнете да зборувате за своите победи“.
Секако дека треба да бидете горди на себе и своите постигнувања и не треба да ги криете. Но, внимавајте кога зборувате за своите успеси, за да не преминете во фалење и да предизвикате завист и љубомора. Внимателно проценете кому се обраќате за да не останете без пријатели.

Слично правило важи и за животните неуспеси и неволји. Доколку постојано зборувате за себе и за својот живот во негативен контекст за кратко време ќе бидете опкружени со енергетски вампири кои се хранат со туѓата несреќа.
„Доколку сакате да си ги упропастите сопствените планови – кажете му на целиот свет за нив“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ова сигурно ви е познато и веројатно ви се случило. Раскажете им на луѓето што планирате, изложете ги деталите, полни сте со ентузијазам и потоа сѐ одеднаш ќе почне да се руши како кула од карти.
Фројд верувал дека проблемот не е во влијанието на другите луѓе туку во нас самите:

„Штом зборувате за своите планови, добивате одобрување со нивните постигнувања. Мозокот губи мотивација, страст и интересирање“.

Поврзани вести