сабота, 14 ноември 2026
Најново

Семејствата на загинатите во Пулс ќе можат да ги подигнат личните предмети пронајдени во дискотеката од понеделник до петок во Кочани

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во врска со трагичниот настан – Пожар во Кабаре – Клуб „Пулс“ во Кочани, случен на 16.03.2025 година, се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица – посетители за време на настанот, дека во периодот од 02.03.2026 година (понеделник) до 06.03.2026 година (петок), од 09:00 до 18:00 часот, треба да се обратат во просториите на Одделение за внатрешни работи Кочани, лоцирано на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12, Кочани.

Целта е враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот за време на увидот, кои припаѓаат на повредените и починатите лица. Предметите вклучуваат мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки. Враќањето на истите ќе се изврши по претходна идентификација од страна на сопствениците или блиски членови на семејствата на починатите.

Поврзани вести