Семејство со дете остана без стан, спие во автомобил: Кризата силно ги погодува домаќинствата во Британија

Во Британија се стравува дека се повеќе семејства ќе завршат на улица поради зголемените сметки за храна, хипотеки, а многу семејства мака мачат да врзат крај со крај.

Очајна двојка со мало дете се принудени да спијат во својот автомобил бидејќи кризата продолжува да погодува многу домаќинства во Велика Британија, пишува Мирор.

Семејството, кое беше пронајдено како спие во КИА во Лидс во петокот навечер, користело дел од својата облека за да се загрее, изјави член на тимот за одговор при итни случаи.

Во земјава се стравува дека се повеќе семејства ќе завршат на улица поради зголемените сметки за храна, хипотеки, а многу семејства мака мачат да врзат крај со крај.

Тимот за поддршка нашол хотел за семејството во текот на викендот и сега разгледува опции како да им помогне на долг рок, како што е плаќање за стан додека надвор не стане уште постудено.

По апелот на социјалните мрежи, многу луѓе се јавија да му понудат на семејството соба за престој и беше отворена сметка на GoFundMe.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.