По добиено известување од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, за сомнеж за можно труење, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во координација и соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, вчера, 10.07.2024 година, спроведоа вонреден инспекциски надзор во сендвичарница во скопски Аеродром. Извори на „Слободен печат“ велат дека станува збор за сендвичарницата „7- ца“.
- Израелскиот претседател му го довери мандатот на ривалот на Нетанјаху, Гади Ајзенкот, за формирање влада
- Нема напредок во историската комисија со Бугарија: Без договор за Охридската архиепископија и одбележувањето на Даме Груев
- Иран и Русија планираат изградба на гасовод со капацитет од 110 милијарди кубни метри годишно
- Неговите гениталии беа отсечени без анестезија, а тој беше единствениот чиј глас беше снимен: Деца умираа поради болната опсесија на црквата
- Србинот кој знаеше премногу: Дали Ален Делон наредил ликвидација на неговиот најблизок соработник Стеван Марковиќ? Милошевиќ исто така бил вмешан во сè
- Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со ЕУ, ќе се воведе систем за рано предупредување за опасни супстанции
- Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на „Грција опен Е1 2026“
- Познати најдобрите мајстори за домашна ракија во Валандово
- Преку еден лаптоп до 6,3 милијарди долари: Ова се хакерите кои го изведоа грабежот на векот на крипто пазарот
Основ за вонредната инспекциска контрола се пријавени 9 случаи, од кои 5 лица лабораториски потврдени со наод на Салмонела (Salmonella infection), 3 лица со гастроентероколитис (Gastroenterocolitis) и едно лице со Intoxicatio alimentaris (труење со храна) – стои во соопштението на АХВ.
При контролата констатирана е задоволителна санитарно – хигиенска состојба во објектот. Сосовите со мајонез и кечап, како и плескавици и пилешки стек се од сопствено производство кои се доставуваат до објектот со соодветно возило за транспорт, а редовно се воделе и записи за добра хигиенска и производствена пракса. Вработените лица, утврдено е при вонредниот надзор, биле со уредни санитарни книшки.
За утврдување на причинителот на инфекциите, земени се 5 мостри од храна и тоа мајонез, кечап,стек, плескавица и марула, 4 бриса од работни површини и опрема, и 3 од вработените лица. Издадено е решение за забрана за подготовка и послужување на храна сè до добивање на негативни резултати, како превентива за можно ширење на заразата, спроведување на вонредни санитарни прегледи, темелно механичко и хемиско чистење.
АХВ во координирана акција и соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), кај селото Мирковци, открија и спречија промет на свињи по потекло од Куманово. По спроведената контрола од страна на инспектор на АХВ, утврдено е дека свињите по потекло од Куманово, не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација, не се пропратени со сертификат за здравствена состојба на животните и нивниот промет се врши спротивно на член 58 од Законот за ветеринарно здравство и Решението за заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите.
Согласно одредбите од Законот за ветеринарно здравство, а во врска со наредените мерки за заштита и контрола на оваа болест, животните се одземени, убиени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните.
Против сопственикот ќе биде поднесена соодветна прекршочна санкција.
Пронајдете не на следниве мрежи:



