Серијата на Мајами заврши во Чикаго

 Апсолутниот рекорд според бројот на последовни победи во НБА лигата ќе остане во сопственост на ЛА Лејкерс, откако Чикаго ја стави крај на серијата на Мајами од 27 последовни победи.Карлос Бузер со 21 поен и 17 скокови го предводеше Чикаго до победата над Мајами од 101:97. Покрај Бузер уште тројца играчи на Чикаго постигнаа двоцифрен број на поени: Денг (28 поени, 7 скока, 5 асистенции) Батлер (17 поени), Робинсон (13 поени). Мајами од пораз не го спаси ниту враќањето на Двејн Вејд, ниту одличната партија на Леброн Џејмс (32 поени, 7 скока, 4 блокади).ЛА Лејкерс, против Минесота забележаа важна победа во борбата за осмата позиција во Западната конференција. Коби Брајант постигна 31 поен, а Двајт Хауард имаше учинок од 25 поени, 16 скокови и по пет украдени топки и блокади, во победата на Лејкерси од 120:117. Во тимот на ЛА Лејкерс по долгата пауза поради повреда се врати Пау Гасол, тој во триумфот на неговиот тим партиципираше во 17 поени и девет скокови. Црногорскиот репрезентативец Никола Пековиќ со 19 поени и 16 скокови беше најдобриот играч на Минесота.Џеф Грин со поените во последната секунда му ја донесе победата на Бостон во Кливленд со 93:92. Грин натпреварот го заврши со 21 поен, додека Пол Пирс мечот го заврши со 19 поени, 19 скокови и 8 асистенции.Њујорк забележа победа над Мемфис со 108:101, Џеј Ар Смит со 35 поени и Кармело Ентони со 22 пони го предводеа Никси до победата. Кај Мемфис со учинокот се истакнаа Мајк Конли (26 поени) и Џерид Бејлис (24 поени.Сан Антонио во дербито во Западната конференција го порази Денвер со 100:99 – ветеранот Тим Данкан (23 поени, 14 скокови), Тони Паркер (18 поени, 11 асистенции) и Џеф Грин (20 поени) беа најдобрите играчи на Сан Антонио.Атланта со победата над Торонто од 107:88 и теоретски го обезбеди учеството во плеј офот. Атланта шеста сезона по ред ќе игра во разигрувањето, до победата во Канада тимот го предводеше Ал Хорфорд со 26 поени и 10 скокови. Резултати од другите натпревари:Шарлот-Орландо 114:108Филаделфија-Милвоки 100:92Њу Орлеанс-ЛА Клиперс 91:105Хјустон-Индијана 91:100Јута-Феникс 103:88Голден Стејт-Сакраменто 98:105Портланд-Бруклин 93:111.
Макфакс Апсолутниот рекорд според бројот на последовни победи во НБА лигата ќе остане во сопственост на ЛА

Пронајдете не на следниве мрежи: