Судот донел решение со кое ја запира постапката за кривично гонење за случајот „Продуцент“ против поранешниот министер за земјоделство од Социјалистичката партија, Љупчо Димовски, и новинарката Ивона Талевска. Ова го соопштија денеска од „Коалицијата за правично судење“.
-На 17.10.2023 година беше закажано рочиште по следниот предмет: „Продуцент“ на кое рочиште јавното обвинителство предложи судот да донесе решение за запирање на кривичната постапка поради измените на Кривичниот законик. Судот донесе решение со кое ја запре постапката поради настапување на апсолутна застареност на кривичното гонење, велат од Коалицијата преку објава.
- Вдовицата на Хју Хефнер проговори за бракот со него: Мислев дека сум луда, тој мораше да умре за да можам да си одам
- Скопските пожарникари спасија теле од пожарот на планината Китка
- Утре претпладне сончево и топло, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
- Во делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
- Норвешка влегува во отворен конфликт со Брисел: Не сака да го запре екстракцијата на гас и нафта, без оглед на критиките од ЕУ
- Средба Сиљановска-Давкова и Славески: Економијата е стабилна, приоритет остануваат макроекономската и финансиската стабилност
- Депортации, укинување на еврото, излез од еврозоната и Шенген: Вајдел најави планови за Германија ако АфД дојде на власт
- „Талир 2“ пред застарување, Апелациониот суд мора да одлучи до 31 август
- Охридското Езеро порибено со два милиони пастрмка коран
Лани во мај, поранешниот министер за земјоделство и актуелен пратеник од Социјалистичката партија, Љупчо Димовски, и новинарката Ивона Талевска седнаа на обвинителна клупа, за предметот за кој истрагата беше отворена уште од СЈО, а сега е во надлежност на Државното обвинителство.

Димовски се сомничи за злоупотреба на службата, бидејќи, според обвинителството, во во ноември 2009 година склучил договор со фирмата Смарт Центар ДООЕЛ Скопје во вредност од 50.000 евра. Според договорот, фирмата настапувала како продуцент на емисијата „Боја на парите“ која се емитувала на ТВ Сител.
Обвинителството тврди дека процесот бил направен без спроведена јавна набавка, односно ваква јавна набавка можело да се нарача само од телевизиска куќа, но не и од фирма. Инаку, фирмата Смарт Центар повеќе не е активна, а последен сопственик и управител е новинарката Талевска, која беше и водител на емисијата.
Талевска се сомничи за помагање во истото дело, а во врска со склучување договор од околу 50 000 евра, без јавна набавка.
Да потсетиме дека со 48 гласови “ЗА” Собранието на Република Македонија на 125. седница на Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Во собраниската сала беа присутни и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои направија кворум за донесување на измените на Кривичниот законик, доколку истите не присуствуваа во салата законските измени немаше да поминат.
Со донесените измени на Кривичниот законик се намалуваат казните за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување, се брише ставот 5 од членот 353 кој ја санкционира злоупотребата на службената положба и овластувања при вршење јавни набавки или на штета на Буџетот и на јавните фондови за кој беше предвидена казна од најмалку 5 години затвор, максималната казна затвор за Злосторничко здружение се намалува од 10 на 3 години, а се укинува и проширената конфискација за нелегално стекнат имот. Со намалување на висината на казната на конкретните дела се намалува и должината на нивното застарување.
Пронајдете не на следниве мрежи:



