Се нормализира авиосообраќајот на скопскиот аеродром

Утрово од скопскиот аеродром се реализирани две полетувања, едното за Лондон, а другото за Гетеборг, откако од вчера попладне и ноќеска поради магла и намалена видливост летовите беа откажани или пренасочени кон други аеродроми.
Од информативниот систем на официјалната веб страница на аеродромот „Скопје“ може да се види дека одредени летови до и од Скопје доцнат и по неколку часови.


Првото слетување на аеродромот во Скопје било ноќеска во 2 часот по полноќ, кога пристигнал авион на Визер од Франкфурт.
Поради магла и намалена видливост од вчера попладнето летовите од и до скопскиот аеродром беа или откажувани или пренасочувани кон други аеродроми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.