Вчера околу 17.00 часот на железничкиот премин на регионалниот пат село Миравци-село Давидово, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода 40-годишниот П.Р. од Скопје затоа што во возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти од Сирија, извести МВР.
– Имено, претходно, на клучка Гевгелија на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање, но возилото продолжило со движење и се исклучило на регионалниот пат с.Миравци-с.Давидово, каде што удрило во столб, по што застанало. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, а возачот П.Р. бил фатен и лишен од слобода, соопшти МВР.
- (Фото) Тешка сообраќајка вечерва кај Долно Лисиче на патот кон Драчево
- Русија воведе привремени ограничувања за извозот на збогатен ураниум во САД
- Косовски Србин уапсен поради ланскиот напад врз припадници на КФОР на протестите во северно Косово
- Лавров: Не знам како Трамп ќе го реши конфликтот во Украина, ќе ги чекаме предлозите
- Орбан: На Србија не и треба ЕУ, на ЕУ и треба Србија
Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против П.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.