СЕ ОГЛАСИ ЕВРОПСКАТА УНИЈА! Се соочуваме со огромен ризик од терористички напади

Европската унија во моментов се соочува со зголемен ризик од тероризам поради војната во Газа, изјави денеска европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон.

„Со војната меѓу Израел и Хамас и поларизацијата што таа ја предизвикува во нашето општество, со претстојната празнична сезона, постои огромен ризик од терористички напади во Европската унија“, рече Јохансон пред состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел.

Циклонот Борис – катастрофа од епски размери: Две причини зошто е толку разорен!
Циклонот Борис веќе донесе екстремни количества дожд низ Централна и Источна Европа, а слично сценарио се очекува и во наредните денови. Невремето, како што пишува СиЕнЕн е толку разорно од две причини. Прво, …
Силјановска Давкова именува тројца членови на Советот за безбедност
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно своите уставни надлежности, денеска ги именуваше за членови на Советот за безбедност Малинка Ристевска Јорданова – експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии и Владимир …

Во саботата во Париз беше убиен германски турист

Таа се осврна на нападот со нож во Париз во саботата во кој беше убиен еден германски турист, а уште двајца беа повредени, како и претходните напади. Јохансон најави дека „ќе стави на располагање дополнителни 30 милиони евра за заштита на, на пример, свети објекти“.

Министрите на ЕУ треба да разговараат за безбедноста во блокот во светло на војните на Блискиот Исток и Украина. На дневен ред се и дебатата за Шенген зоната и напредокот во реформите на политиката за азил и миграција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.