Се огласи новинарот Салиу: Со моето однесување можеби влијаев ситуацијата да ескалира

 Додека медиумската зедница бара ослободување и дефинира дека ова е протисок врз новинарството, политичката елита сака да профитира од апсењето на вмровскиот министер, сепак новинарот Салиу, кој не е упасен за новинарска работа, признава дека оставил простор за есклаација на „судирот со полицијата“.

Не сум нападнал никого, фактите ќе го докажат тоа подоцна, вели новинарот Фуркан Салиу во објава споделена на фејсбук страната на Порталот X.

“Од објективни причини не можам да пишувам на мојот личен профил. Во моментов сум задржан во полициската станица во Автокоманда.Жал ми е што со моето однесување можеби влијаев ситуацијата да ескалира за да завршам со лисици. Жал ми е и ако ве разочарав вас, што верувавте во мојата работа. Ве уверувам дека јас не ја нападнав полицијата.
Иако се беше снимено, полицијата ги избриша материјалите во полициската станица.
Што се однесува до пиштолот што беше пронајден во мојот автомобил. Пиштолот е со дозвола и пронајден во мојот автомобил. За време на моето апсење, телефонот и клучевите ми испаднаа од џебот и ги зеде снимателот.Без судски налог и без јас да бидам присутен како сопственик на автомобилот, беше претресен автомобилот од страна на специјалната единица.Делото за кое се товарам, напад врз полицаец, не држи вода и никогаш не може да се докаже. Ви благодарам за поддршката и се надевам дека ќе се видиме наскоро“, напиша новинарот Салиу.
Во однос на приведувањето на лицето Ф.С. од Скопје ја информирам јавноста дека истото е последица на извршен напад на полициски службеници, припадници на Единицата за брзо распоредување кои биле ангажирани за одржување на јавен ред и мир на фудбалски натпревар кој бил оценет како натпревар со безбедносен ризик, а кои во моментот на напад од наведеното лице интервенирале бидејќи дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи стои во Фејсбук објавата на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на апсењето на новинарот Салиу

Пронајдете не на следниве мрежи: