Се одбележува Денот на победата над фашизмот и денот на Европа

Во Европа се одбележува 9. Мај Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна и Денот на Европа во знак на сеќавање на 1945 година кога нацистичка Германија ја потпиша капитулацијата и 1950 година кога францускиот министер Роберт Шуман го претстави предлогот за организирање на Европа, познат како „Декларацијата на Шуман“.Денот на победата над фашизмот свечено се одбележува во Русија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан, Туркменистан, Украина, Узбекистан и Израел.Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја следи воената парада на Црвениот плоштад- најголемата воена парада која се одржува секоја година во Москва, со голем број на војска и авијација.Во Берлин во првите минути од 9 мај 1945 година е потпишана безусловна капитулација на нацистичка Германија.Во име на Германија актот го потпишал фелдмаршал  Вилхелм Кајтел, во име на Советскиот сојуз Маршал Георги Жуков, а во име на западните сојузници, британскиот воздухопловен генерал Артур Тедер.Со тоа била формално завршена Втората светска војна во Европа, но остатоците на германските трупи уште неколку дена давале отпор.Во војната којашто траела нешто помалку од шест години учествувале 61 држава и околу 110 милиони војници, а загинаа меѓу 55 и 60 милиони луѓе, а околу 35 милиони биле ранети.Точни податоци за жртвите никогаш не се утврдени.Овој датум 9 мај е и Ден на Европа во знак на сеќавање на 1950 година кога тогашниот министер за надворешни работи на Франција, Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање организирана Европа, како опција за одржување на мирот на со војните разурнатиот и поделен континент.Предлогот, попознат како „Шуманова декларација“, се смета за почеток на формирањето на она што го денес го знаеме како Европска унија.Денот на Европа го симболизира објавувањето на декларацијата на Шуман со која тогашниот министер за надворешни работи на Франција, Роберт Шуман, им предложи на довчерашните непријатели – Германија и Франција да воспостават заедничка организација за управување со индустријата за јаглен и челик.
МакфаксВо Европа се одбележува 9. Мај Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна и Денот на Европа во знак на се

Пронајдете не на следниве мрежи: