четврток, 12 ноември 2026
Најново

Се предлага скандалозна измена на Законот за јавни претпријатија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Да се донесе закон со кој во сите јавни претпријатија директорите ќе добијат заменици кои ќе раководат со претпријатието во отсуство на директорите, предлага владеачкото мнозинство. И што е уште поважно законот да се донесе по скратена постапка. Тоа, за да биде појасно, би значело дека секое јавно претпријатие ќе добие заменик директор кој ќе вработи свој кабинет, и за него ќе треба да се одвојуваат дополнителни средства за телефон, службено возило, секретарка како и асистенти.
Измените на Законот за јавни претпријатија е предлог на владеачкото мнозинство, а потписници се пратениците Александар Кирацовски од СДСМ, Реџаил Исмаили од ДУИ и Благоја Трпевски.
Неофицијално, според собраниски извори целта на новото законско решение е во сите јавни претпријатија каде има директори од СДСМ, замениците да бидат од ДУИ и обратно, односно ДУИ и СДСМ да си вдомат свои кадри на државна и локална сметка.

Поврзани вести