Се продава модната куќа “Версаче“

Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ објави денеска дека најверојатно утре ќе биде објавата за продажбата на модната куќа “Версаче“.
Повикувајќи се на неименувани извори, весникот тврди дека Донатела Версаче, сестра на покојниот Џани Версаче, свикала состанок со персоналот за утре кога треба да биде објавена продажбата на компанијата. Од компанијата одбиваат да ги коментираат информациите.
Весникот додава дека брендот е проценет на две милијарди долари и оти можни купувачи се американската “Мајкл Корси“ или јувелирската комапнија “Тифани“. Семејството Версаче поседуваат 80 насто од компанијата, а останатите 20 насто се во сопственост на американската група “Блекстоун“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.