Се сомневам дека е можно до 2025. година Балканот да влезе во ЕУ

Хедвиг Морваи, извршна директорка на Европскиот фонд за Балкан истакна дека е важно реформите да се спроведат заради граѓаните во регионот, а не заради формално членство во Унијата или некој конкретен датум, а дека 2025. година треба да се заборави како датум за влез на Западен Балкан во ЕУ.
Морваи наведе дека регионот не ја одработува својата работа, а ЕУ не е подготвена да го смени пристапот кон регионот, бидејќи самата се соочува со тешки предизвици. Таа уште го истакна значењето на регионалната соработка, која според неа е средство за развој на регионот.
– Треба да се искористи регионалната соработка за да решиме некои тешки прашања, рече Морваи, оценувајќи дека на почетокот на годината имало некои позитивни чекори во регионот, и од страна на ЕУ, но сега повторно се наоѓаме таму каде што сме биле.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.