четврток, 12 ноември 2026
Најново

Се штрекате додека тонете во сон? Доктор со интересна теорија го објаснува овој феномен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сигурно ви се случило да се штрекнете кога заспивате во подлабок сон. Можеби и сте се запрашале зошто се случува овој феномен? Одговорот на ова прашање го појаснуваме во прилог.

Штрекање или затресување кое го доживувате во текот на заспивањето е состојба во која им се случила на повеќе од 70% од луѓето. Лекарот Каран Рај истакнал дека станува збор за човечка варијанта на „автоматско спасување“.

„Хипнички тремор, познат како хипнагогичен трепет или почеток на сонот е несвесна и ненамерна контракција на мускулите. Се чувствува како тресење на мускулатурата“ – додал лекарот.
Тој истакнал дека карактеристиките околу спиењето на нашите предци може да имаат долгорочно влијание врз нашите моментални навики за спиење. Додал дека е можно да станува збор за еволуциски момент, односно хипничкиот тремор да е последица од минатото кога луѓето спиеле на дрва па тој тремор и згрчување на мускулатурата ги спречувал од паѓање.

Всушност, не знаеме зошто овој феномен се случува кога заспиваме, но постои таа интересна теорија. Некои веруваат дека тоа е нуспојава на еволуцијата, а постојат докази и дека стресот, кофеинот или траума на мускулатурата (која се случува и со спортување и вежбање) може да го интензивираат таквиот тремор.
Сепак нема причина за грижа од оваа појава бидејќи таа се јавува и кај потполно здрави луѓе и не се поврзува со некое заболување или состојба на телото.

Поврзани вести