Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Турските медиуми објавија дека потресот бил почувствуван и во Истанбул и Измир, како и на многу други места во Мраморното и Егејското Море. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од девет километри, 15 километри од Симав и 71 километар од Ушак, во близина на Кутахја.
Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека по земјотресот „немало несакани настани“. Експертите предупредија на можни последователни потреси до пет степени според Рихтеровата скала. Гувернерот на Кутахја, Муса Исин, изјави дека е прерано да се зборува за последиците од земјотресот и дека повеќе информации ќе бидат достапни по извештаите од теренот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



