Силно невреме ја зафати Хрватска

Поплави, паднати дрвја, прекин на електричната енергија и пожари е епилогот од најавеното влошување на временските услови кое вчера ја зафати Хрватска. Според хрватските медиуми, за попладнево се прогнозирани уште посилен дожд и ветер, што најверојатно ќе предизвикаат дополнителни поплави.
Во Дубровник сообраќајот на одредени патишта бил во целосен прекин поради поплавите, а на улиците може да се забележат и откорнати дрвја.
“Во текот на денот и ноќта, добиени се неколку пријави од граѓани за одрони на автопат покрај Јадранскиот брег. Како последица на силниот ветер и дождот има паднати дрвја и скршени гранки. Исто така, имаше и пријави за пожари на бандери, што предизвика и прекин во снабдување со електрична енергија во одредени области“, известуваат официјални лица.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.