Симеоне го пофали Рафиња: „Не знам како не ја освои Златната топка“

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го пофали Бразилецот Рафиња и изрази изненадување што ѕвездата на Барселона не ја освои Златната топка оваа година.

Потсетуваме дека Рафиња беше еден од најдобрите во триумфот на Барса над Атлетико Мадрид од 3:1, а освен што постигна гол, тој предизвика големи проблеми за одбраната на „Јорганџиите“.

„Рафиња е неверојатен играч“, рече тој и продолжи:

„Тој може да игра насекаде, како крило, како играч од средниот ред, како напаѓач, па дури и како бек. Може да постигнува голови, може да асистира, може да притиска. Не знам како не ја освоил Златната топка. Што се однесува до мене, секогаш би го избрал него“, искрено рече Симеоне.

За потсетување, Рафиња заврши на петтото место во гласањето за „Златната топка“, и покрај тоа што постигна повеќе од 60 гола и ѝ помогна на Барселона да освои три трофеи.
The post Симеоне го пофали Рафиња: „Не знам како не ја освои Златната топка“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: