Италијански Наполи остана на плус 13 бода пред Интер во трката за „скудетото“ и направи уште еден чекор поблизу до првата шампионска круна, после вечерашната победа со 2-1 против Рома во дербито на 20-то коло.
Колку е моќен Наполи се виде вечерва, зашто резервите му го донесоа големиот триумф после кој влегуваат во мирен период против послаби екипи и ако продолжат да газат, сѐ поблизу ќе бидат до шампионскиот трофеј.
Џовани Симеоне, кој заедно со Џакомо Распадори, Елиф Елмас и Матијас Оливеира влегоа во последните 20 минути од мечот, ја донесе победата со прекрасен гол од 16 метри на четири минути пред крајот, по удар на кој Руи Патрисио не можеше ништо да направи.