сабота, 14 ноември 2026
Најново

Синот на последниот ирански шах Реза Пахлави прогласи „крај на Исламската Република“ по смртта на ајатолахот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Опозицискиот лидер во егзил Реза Пахлави објави драматична порака на социјалните мрежи во која тврди дека со смртта на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, „ефективно завршува“ ерата на Исламската Република. Во обраќањето до „своите сонародници“, Пахлави го нарече Хамнеи „крволочниот Захак на нашето време“, алудирајќи на митолошка фигура од персиската традиција, и го обвини за смртта на „десетици илјади најхрабри синови и ќерки на Иран“.

Тој оцени дека со заминувањето на врховниот лидер, државниот систем воспоставен по Исламската револуција во 1979 година влегува во својата завршна фаза. Повик до безбедносните сили Пахлави упати директен апел до воените, безбедносните и полициските структури во земјата, предупредувајќи дека секој обид за одржување на, како што го нарече, „режим во распаѓање“ е однапред осуден на неуспех.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Ова е вашата последна шанса да му се придружите на народот и да помогнете во стабилната транзиција на Иран кон слободна и просперитетна иднина“, наведува тој, додавајќи дека секој евентуален наследник на Хамнеи би бил лишен од легитимитет и би сносел одговорност за наводните злосторства на режимот.

„Почеток на голема национална прослава“ Во пораката, Пахлави изрази сочувство до семејствата на загинатите во антивладините протести и политичките репресии, оценувајќи дека смртта на Хамнеи „не може да ја врати пролeаната крв“, но може да претставува „мелем за изгорените срца на ожалостените семејства“.

Тој истакна дека ова, според него, претставува „почеток на голема национална прослава“, но и предупреди дека „патот не е завршен“, повикувајќи на будност и подготвеност за „масовно и одлучно присуство на улиците“ во блиска иднина. Реза Пахлави, син на последниот ирански шах Реза Пахлави, со години живее во егзил и се позиционира како симбол на световна и демократска алтернатива на актуелниот систем во Техеран. Тој редовно повикува на ненасилна транзиција и воспоставување демократски поредок во Иран. Во моментот нема независна потврда од иранските власти за наводите изнесени во неговата објава. Официјалните институции во Техеран сè уште не излегоа со соопштение во врска со состојбата на врховниот лидер. Ситуацијата останува неизвесна, а евентуалните политички последици би можеле да имаат значајно влијание врз внатрешната стабилност на Иран, како и врз поширокиот регионален контекст на Блискиот Исток.

Поврзани вести