четврток, 12 ноември 2026
Најново

Синоќа кон Германија тргнаа четири полни автобуси со македонски граѓани

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Синоќа од Сарај четири автобуси со млади луѓе тргнаа за Германија, пишува порталот “Инфо Шќип“. Оваа појава на заминување од нашата земја веќе зазема загрижувачки размери. Образложението на младите е дека заминуваат заради економската состојба и губењето на надежта за подобар живот, анализира порталот.
Меѓу регистрираните македонски државјани во Германија особено е голем бројот на оние помеѓу 20 и 45 години старост- возраст која се смета за најплодотворна. 38 илјади македонски државјани или околу 36 проценти од вкупната бројка на оваа возраст се жители на Германија.
Дополнително, речиси 35 проценти од вкупниот број не се во брак. Околу 10.500 деца од родители со македонско државјанство се родиле во последните 10 години во Германија. Од вкупната бројка жители со македонски пасош во Германија, нешто повеќе од 14 илјади се родени во таа земја. Бројките на германскиот Завод за статистика покажуваат дека повеќе од 30 проценти од македонските државјани кои престојуваат во земјата се тука привремено, барем засега.

Поврзани вести