Синоќа мирно на протестите во Србија, главно се седеше, ама се заигра и оро

Третиот ден протести пред Собранието на Србија во Белград, како и во неколку други српски градови, синоќа помина главно мирно, за разлика од претходните две вечери во Белград, јавуваат српските медиуми.
Голем дел од демонстрантите седеа на платото пред оградата на Собранието, а кога деловите на собранитте граѓани стануваа, тие извикуваа „Седи доле”. Полицијата беше малку видлива, а на места, како и демонстрантите, седела и таа.
Во текот на протестите, дојде до помала физичка пресметка помеѓу демонстрантите, а запалени се и факели. Имало и помали инциденти, Во еден бил нападнат еден од многутемина камермани.
Дел од граѓаните во еден момент заигра и оро, а меѓу собраните можеа да се видат транспаренти „Седи доле, не наседнувај”, но и икони.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.