Ова лето костимите за капење се поминијатурни од било кога. Дури и едноделните костими понекогаш се направени од необично малку материјал.
Но, токму кога помисливме дека нема нешто што може да нè изненади, „PrettyLittleThing“ претставија костим кој предизвика лавина реакции.
Имено, станува збор за бикини за кој треба прилично храброст, а кој гарантира дека сите погледи на плажата ќе бидат насочени кон вас. Потполно очекувано, не требаше долго да чекаме за интересните асоцијации на корисниците на социјалните мрежи.
„Побогу, ова изгледа како еднократна танга која ти ја даваат кога одиш на третман за самопотемнување“, напишал еден корисник, а имало и такви кои потсетиле дека иста таква танга носат и дамите на бразилска депилација.
„Едноставно да бидеме голи, тоа е речиси исто како да го носите ова минијатурно парче зеленило“, напишал друг, додека трет саркастично заклучил дека оној кој го носи ова бикини ‘цело време мора да ги држи нозете стиснати за да не се лизне од него’.