Сите погледи вперени во деколтето! Никол Кидман доминираше во златно тесен, светкав фустан

Никол Кидман ја доби наградата за животно дело и за таа прилика облече златен фустан, кој ја истакна нејзината прекрасна фигура.Секоја година, Американскиот филмски институт ги почестува поединците кои придонеле за збогатување на американската култура преку филмот и телевизијата со наградата AFI. Оваа награда се доделува од 26 февруари 1973 година, а оваа година и припадна на актерката Никол Кидман .Никол на доделувањето дојде во долг, тесен, светкав златен фустан , кој одлично ја истакна нејзината витка линија. Станува збор за бренд на Balenciaga, а фустанот имал голема наметка.Фустанот освен тесниот струк, одлично го покажа и нејзиното деколте, кое сигурно привлече многу погледи.Дека елеганцијата е всушност едноставност, покажува и фактот што Никол ги сведе аксесоарите на минимум, ја пушташе косата и носеше лесна шминка, што сите заедно оставаа впечаток на вистински гламур. 

Пронајдете не на следниве мрежи: